САД: Нобеловецот Оливер Смитис почина во 91. година
Смитис поради активностите во истражувањето на ДНК доби Нобеловата награда и ја подели со Американецот Марио Капечи и Британецот Сер Мартин Еванс
Chapel Hill
ЧАПЕЛ ХИЛ (АА) - Научникот Оливер Смитис, кој во 2007 година ја доби Нобеловата награда за медицина, почина на 91 годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговата сопруга Нобујо Маеда рече дека Смитис, кој зад себе остави значајно творештво на полето на генетиката, починал дома.
Универзитетот Северна Каролина во САД, каде што нобеловецот работеше долга низа години, вчера соопшти дека Смитис починал и дека тоа е голема загуба за светот на науката.
Смитис поради активностите во истражувањето на ДНК доби Нобеловата награда и ја подели со Американецот Марио Капечи и Британецот Сер Мартин Еванс.
Наградата ја добија за пронаоѓањето на начелото за воведување специфични генетски модификации кај глувците со помош на ембрионални матични клетки.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
