Gülbin Yıldırım
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Спортивно на очекувањата републиканскиот кандидат за претседател Доналт Трамп победи на претседателсите ибори во САД. Со изборот на Трамп се прекршија правилата за патот кон Белата Куќа кој одеше преку донации, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп на изборите се избори за уникатна победа и покрај противењето на американските медиуми, бизнис заедницата но и покрај противењето на републиканските политичари. Неочекуваната победа на Трамп исто така беше изненадување и во однос на пропорицоналниот процент на донациите. Во претходните 11 изборни циклуси во САД кандидаите собираа голема сума на донации и победија, но овој пат победи Трамп и покрај двојно помалите добиени донации во однос на демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон.
- 56 милиони долари потроши од свој џеб
Според податоците на Центарот за одговорни политики (Center for Responsive Policy ) со седиште во Вашингтон поранешната државна секретарка Хилари Клинтон во текот на изборната кампања собрала донации во износ од 687 милјони долари. Додека Трамп собра само 307 милиони долари.
Објавувањето на Трамп дека во голема мера сам ќе ја финасира изборната кампања одигра голема улога во останувањето многу назад во однос на собирање на донации во споредба со Клинтон. Трамп за изборната кампања од својот џеб потрошил 56 милјони долари. 40 пореценти од финансиската подршка за Трамп се составуват од индивидуални донации.
Меѓу најголемите организации кои ги подржаа Трамп беа „Renaissance Technologies GH Palmer Associates", „Marcus Foundation", „Hawaiian Gardens Casino" и „Auburn Manor Holding".
Донациите на овие организации го преминаа износот од 21 милион долари, но Трамп остана многу назад во споредба со донациите што ги доби Хилари Клинтон.
Поради предноста во анкетите најголемата подршка за изборната кампања на Клинтон дојде од технолошките и правните кругови. Но покрај ова Клинтон дожиевеа неочекуван пораз.
Според Центарот за одговорни политики Клинтон најголемите донации ги доби од компаниите „Paloma Partners", „Renaissance Technologies", „Pritzker Group", „Soros Fund Management" и „ Saban Capital Group."
Овие компани коишто се во рацете на американските Евреи за изборна кампања на Клинтон вкупно донираа 70 милиони долари. Шестиот најголем донатор за Клинтон беше медиумската компанија „Newsweb Corporation" со седиште во Чикаго која донираше повеќе од 10 милиони долари.
Еден од најбогатите бизнисмени во САД Варен Буфет за изборната кампања на Клинтон организираше активности каде што почетната цена на билетите беше од 30 илјади долари.
Покрај оваа претседателот на компанијата „Alphabet "кој што е под покривот на „Google" Ерик Смит, менаџерoт на „Apple" Тим Кук, еден од основачите на Фејсбук Дусин Московит, Џереми Стопелман од „Yelp" и Red Hustings од компанијата „Netflix" беа меѓу бизнисмените коишто отворено ја подржаа Хилари Клинтон.
- Донации и за Клинтон и за Трамп
Вкупно 145 менаџери на компаннии меѓу кои беа и овие имиња преку интернет објавија заедничко писмо кадешто напиша и предупредија дека „од иновациски аспект иззборот на Трамп за претседател може да биде катастрофално".
Во листата на донаторите којшто го привлече вниманието беше и компанијата со името „Renaissance Technologies". Оваа компанија донираше и за Клинтон и за Трамп, така да со оваа беше меѓу првите компани којшто најмногу донирал.
„Renaissance Technologies" која што е основана во Њујорк од страна на еврејскиот бизнисмен кој е познат како милјардерот матемтичар Џејмс Харис Симонс за Трамп донираше 15 милиони долари. Со овој износ Компнијата стана нголемиот донатор на Трамп. Додека истата компанија за Клинтон донираше 14 милиони долари, и беше втората најголема донациија за Клинтон.
-Ниту една компанија од „Fortune 100" не го поддржа Трамп
На овие избори една од најголемите разлики беше тоа што ниту една од најголемите компани во САД кои се наоѓат на листата на „Fortune" не го подржа Доналд Трамп. На претходните избори сопстениците или менаџерите на овие компании на големо донираа за републиканскиот кандидат, но овој пат не остана само со избегнувањето на Трамп. Новиот претседател на земјата во текот на изборите беше мета на жестоки критики од страна на бизнис заедницата. Мег Витман од „Hewlett-Packard" за претходниот републискански кандидат Мит Ромни донираше 100 илјади долари додека сега Трамп го обвини за „безстрашен и неук“. А пак Џефри Имелт од „General Electric" истакна дека е „непирфатлив“ дискурсот на Трамп за мексиканците и муслиманите.
На еден состанок каде што присуствуваше Индира Нуји од компанијата Пепси беше прашана што мисли во врска со изборот на Трамп за претседател на САД. Таа алудирајќи дека плаќе одговори: „Има ли тука една кутија со паломи?.” Покрај ова таа на Трамп му се обрати „како се осмелуваш на овој начин да зборуваш во врска со жените?“.
-Што ќе биде со непотрошените донации?
Според Центарот за одговорни политики Хилари Клинтон во изборната кампања потрошила 609 милиони долари. Додека сумата која го потроши републиканскиот кандидат изнесува 285 милиони долари. Така да Клинтон потрошила двојно повеќе од својот противкандидат.
Ова значи Клинтон во кампањата не ги искористила 78 милиони долари, а пак Трамп 21 милион долари. Според правилата на Федералната изборна комисија на САД неискористените пари кандидатите можат да ги донират во хуманитарни организации или да и ги донират на политичките партии. Покрај ова неискористените донации можат да се задржат за кандидатите којшто ќе се натпреваруават на следните избори.
Исто така можно е враќање назад на останатите пари, но финансискиот директор на кампањата не ја подржува оваа опција. Во случај да изгуби кандидатот или да се повлече од трката за претседател Комитетите имат право речиси да направат сешто ќе поскауват со останатите пари освен да ги донират на еден друг претседателски кандидат.