Can Erözden
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
ИЗМИР (АА) - Најмалку 50.000 бегалци, кои се обиделе илегално да стигнат до Европа во 2016 година, се пронајдени во поморските и копнените операции на турските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие наведуваат дека 183 лица го изгубиле животот во Егејското Море од 1-ви јануари оваа година.
Според податоците на АА, турската крајбрежна стража спасила 15.000 бегалци оваа година, додека 35.000 бегалци се пронајдени во копнените операции.
Турските покраини Чанаккале, Баликесир, Измир, Мугла и Ајдин се примарни места во Турција од каде што бегалците се упатуваат кон Европа, во потрага по подобар живот.
Податоците од Меѓународната организација за миграции (IOM) покажуваат дека по морски пат во Европа оваа година дошле 141.000 бегалци. Од нив, околу 9.294 влегле на италијанска територија, додека 131.847 бегалци влегле во Грција во периодот од 1-ви јануари до 7-ми март.
Во истиот период, на пат кон Европа, во Средоземното Море животот го изгубиле 443 бегалци.
Најголемиот број регистрирани бегалци во Грција се од Сирија, по што следат Авганистанците и Ирачаните.