Furkan Naci Top
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АТИНА (АА) – Денес, бегалците од бегалскиот камп во главниот грчки град во знак на револт не сакаа да го пуштат грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас, да влезе во кампот, јавува Anadolu Agency (AA).
Музалас го посети кампот „Елинико“, кој се наоѓа во јужниот дел од градот, врз основа на тврдењата дека бегалците започнале штрајк со глад во знак на протест против лошите услови.
Демонстрантите од една левичарска група заедно со бегалците, меѓу кои имало и деца, со формирање на кордон од луѓе сакале да го спречат влезот на Музалас во кампот. Со интервенцијата на полициските сили во овој случај, дошло до краткотрајни тензии.
Имаше реакции по расправијата на еден млад бегалец со полициски службеник.
- Министерот негираше -
Музалас, кој по судирот влезе во кампот, во својата изјава за новинарите тврдеше дека овој штрајк со глад е лажен. „Никогаш не се случи штрајк со глад. Напротив, бил спречен влезот на камионот што носел храна за бегалците во кампот. Овие случувања се предизвикани од страна на една група од 30 лица“, рече Музалас, обвинувајќи ја левичарската група за овие случувања.
Министерот Музалас истакна дека бегалците што чувствуваат дека се под притисок, можат слободно да го напуштат кампот. „На грчките улици и плоштади нема бегалци. Можеби не им се допаѓа храната. Но, тие имаат храна“, вели тој. Министерот рече дека ќе се спроведат активности за подобрување на условите во бегалските кампови.
Лошите услови за живот во кампот со капацитет од 1.500 лица, во кој повеќето од бегалците се авганистански државјани, неколкупати беа на дневен ред. Иако грчката Влада соопшти дека ќе го испразни кампот, досега не се преземени конкретни чекори во таа насока.
Над 60.000 бегалци на „патот кон надежта“ се заробени во Грција, по затворањето на границите. Во последните недели имаше остри реакции од повеќе сфери, особено од невладините организации во врска со смртните случаи предизвикани од ниските температури, како и поради несоодветните услови во кампот.