Bakir Tiro
10 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
САРАЕВО (AA) - Жељко Комшиќ, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) во дописот упатен до Амбасадата на БиХ во Шведска издаде инструкција да не присуствуваат на утрешното доделување на Нобеловата награда, бидејќи добитник на наградата за книжевност е Петер Хандке кој го негира геноцидот извршен во јули 1995 година во Сребреница над жителите на „заштитената зона на Обединетите нации", пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ве информираме дека Претседателството на БиХ не зазело став според кој било кој се овластува да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда во име на Босна и Херцеговина, а во таа смисла ниту во име на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Кралството Шведска. Напоменуваме, дека секој вид самоволно постапување надвор од Уставот утврдените ставови на Претседателството на Босна и Херцеговина би претставувало кршење на Уставот и законите на Босна и Херцеговина", се наведува во дописот кој од кабинетот на Комшиќ денес го упатиле до Амбасадата на БиХ во Шведска.
На доделувањето на Нобеловата награда утре нема да присуствуваат ниту Косово, Албанија, Турција и Хрватска, најавија од нивните амбасади во Стокхолм, главниот град во Шведска.