Zuhal Demirci
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АА) - Под координација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и во соработка со Anadolu Agency (АА), „Turkish Airlines“ (THY) (Туркиш ерлајнс) и Турската радиотелевизија (TRT), како втор дел од спроведувањето на „Програмата за споделување искуства Африка 2017“, во Македонија доаѓа екипа од 14 студенти и 17 студентки со цел да учествуваат во активности за помагање, јавува Anadolu Agency (AA).

Организирањето на вториот дел, именуван „Програма за споделување искуства Македонија 2017“ го води ТИКА.
Д-р Мехмет Јилмаз, раководител на секторот за надворешни односи и партнерство, во своето обраќање околу програмата зборуваше за големиот број проекти што ТИКА ги води низ целиот свет.
Д-р Јилмаз истакна дека Балканот има особено значење за Турција. „Целта на оваа програма е воочување на потребите на државите, учество во програми за давање помош и зближување со населението“, рече д-р Јилмаз.
Тој потсети дека на балканските простори има голем број историски споменици од османлискиот период, а ТИКА се труди да реставрира дел од тие објекти.
Д-р Јилмаз изрази желба програмата да биде успешно спроведена: „Благодарение на програмата, ќе се запознаете со ТИКА и ќе имате можност да видите кои проекти во подрачјето ги спроведува ТИКА“, рече тој.
Раководителот на секторот за надворешни односи и партнерство, д-р Јилмаз изјави дека ТИКА е многу попозната во странство отколку во Турција, и додаде дека е потребно да се зголеми запознавањето во рамките на земјата.
Меѓу учесниците во програмата се наоѓа и Емине Хоџа, студентка на Економскиот факултет при Универзитетот во Истанбул, која истакна дека живее во Скопје и изрази благодарност до ТИКА за организираниот проект.
Студентката Хоџа изјави: „За нас како млади, претставува гордост да ја продолжиме цивилизацијата што ја основаа Османлиите“.
Екипата ја сочинуваат 31 студент од различни универзитети во Турција, а во рамките на „Програмата за споделување искуства Македонија 2017“, ќе можат да ги следат активностите на Турција на Балканот и да учествуваат во активностите за давање помош.
Студентите во рамките на програмата што ќе трае до 28 август ќе го посетат селото Коџаџик, во коешто се наоѓа спомен-куќата на господин Али Риза, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, и ќе помогнат во бојадисувањето на основните училишта „Мустафа Кемал Ататурк“ во селото Горенци, „Неџати Зекерија“ во селото Елеса, „Кочо Рацин“ во село Ѓокчели и „Кочо Рацин“ во село Куртамзали.