Bojana Stojanovic
03 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
БЕЛГРАД (АА) - Работите низ Србија до границата со Унгарија, на трасата на идниот гасовод „Турски тек“ ќе бидат завршени до крајот на годината, изјави денес министерот за рударство и енергетика на Србија, Александар Антиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што прецизираше министерот Антиќ во Белград, Србија својата делница од Зајечар до Хоргош ќе ја заврши околу 18 декември, а и Бугарија ќе заврши дел од инфраструктирата која недостасува до крајот на годината.
Антиќ рече дека не очекува никакво изненадување во врска со изградбата на ovoj гасовод.
„Ова е комерцијален проект кој го развиваат компании кои учествуваат во него, базиран на обврзителни закупи на капацитетот и во Бугарија и во Србија“, наведе тој.
Министерката за енергетика на Бугарија, Теменушка Петкова, рече дека рокот за завршување на изградбата е познат - 1 јануари 2020 година, и дека Бугарија веќе ги гради 11-те километри гасовод од границата со Турција.