Dzihat Aliju
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Првата група аџии од Македонија пристигнаа на аеродромот „Александар Велики" во Скопје, со цел извршување на една од главните верски обврски за верниците муслимани - аџилакот, при што ги посетија светите места за нив - градовите Мека и Медина во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година, од Македонија 800 аџии тргна кон Саудиа Арабија, кои патувале на релација Скопје-Џеда, и се вратија од Медина во Скопје.
Голем број аџии беа пречекани од нивните роднини и блиски, а на аеродромот доминираше среќна и радосна атмосфера.
Фадил Рамадани, оџа во скопски Сарај, во изјавата за АА рече дека има емоции кои не можат да се опишат.
Тој рече дека му претставува огромно задоволство што имал прилика да отиде на аџилак, како и дека покрај тоа што имале малку замор при посетување на светите места.
Од друга страна, Ибадет Курти рече дека поминале многу убаво во аџилак, и истакна дека посакува и младите да отидат на аџилак, бидејќи, како што рече таа, тоа е многу убаво чувство.
Скопјанецот Али Бекир кој се врати од аџилак, истакна дека посакува, како што рече Аллах, да им го прифати аџилакот на сите оние коишто ја извршиле, оваа, за муслиманите, важна верска обврска.
„Убаво поминавме. Не е добро да се жалиме. Го молам Аллах да им овозможи на сите верници“ додаде тој.
Утре се очекува и другута група на аџии од Македонија да прситигнат на скопскиот аеродром.