Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БЕЛГРАД
Полицијата околу два часот по полноќ ги растера демонстрантите кои протестираа во Белград поради повторното воведување на полицискиот час, а припадниците на полицијата применија и сила , јавува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе илјади граѓани вечерва протестираа пред Собранието на Србија а по повеќечасовниот протест, полицијата ги растера собраните демонстранти со солзавец, а можеше да се види како масовно ги тепаат собраните со пендреци.
БЕЛГРАД (АА) - Демонстрантите кои протестираат пред Собранието на Србија во Белград поради воведувањето на полицискиот час се судрија со полицијата повторно, поради што полицијата фрли солзавец и почна да ги растерува демонстрантите ( Milos Miskov - Агенција Анадолија )
На терен беше и Специјална антитерористичка единица.
Повеќе демонстранти, но и полицајци се повредени во текот на нередите во центарот на главниот град на Србија, а имаше и приведувања на демонстранти, но и на свештеници.
Во текот на вечерта, запалени се и контејнери, полициски возила, демонстрантите на кратко упаднаа во Собранието, а ги гаѓаа и припадниците на полицијата со камења, флаши и јајца.
Сообраќајот во околните улици беше запрен.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ претходно најави дека од петок во 18 часот до понеделник во 5 часот наутро ќе биде воведен полициски час, односно забрана за движење, поради лошата епидемиолошка ситуација во земајата предизвикана од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).