Husamedin Gina
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека од Ковид-19 починале уште две лица, со што вкупната бројка на починати пациенти во земјата се искачи на 59, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството, потврдени се 41 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата достигна 1.367.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 37 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што бројот на излекувани пациенти од вирусот изнесува 374.
Министерството соопшти дека во изминатото деноноќие направени се рекордни 738 теста, со што вкупната бројка на тестирања за Ковид-19 во државата се зголеми на 14.758.
Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час ќе биде на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.