Bedrudin Brljavac
01 Март 2023•Ажурирај: 02 Март 2023
САРАЕВО (АА) - Одбележувањето на 1 Март - Денот на независноста на Босна и Херцеговина започна утринава со подигање на државното знаме на сараевскиот рид Хум, со интонирање на националната химна, јавува Анадолу.
На свеченоста присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ.
Дел од свеченоста беа и претставници од сите нивоа на власта и граѓани.

Први Март, Денот на независноста на Босна и Херцеговина, се одбележува по повод успешно спроведениот референдум за независност на Босна и Херцеговина одржан на 29 февруари и на 1 март 1992 година. Тогаш гласаа 2.073.568 гласачи (63,7 отсто од граѓаните со право на глас во БиХ). За независност се изјаснија дури 99,7 отсто од луѓето кои учествуваа на референдумот.
Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и независна Босна и Херцеговина, држава на рамноправни граѓани, народи на Босна и Херцеговина - Муслимани, Срби, Хрвати и припадници на другите народи кои живеат во неа?
По гласањето за независност, Босна и Херцеговина беше призната од многу земји во светот, а државата набргу потоа стана полноправна членка на Обединетите нации (ОН), како и на многу други меѓународни организации.