Bojana Stojanovic
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
БЕЛГРАД (АА) - „Мислам дека Белград и Приштина се сè подалеку од постигнување компромис“, изјави денес претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерката смета дека од компромисот се оддалечуваат пред сè поради таксите од 100 отсто воведени за стоката од Србија, поради формирањето на Војската на Косово, како и поради најавата за бришење на границите меѓу Косово и Албанија.
Брнабиќ во едно телевизиско гостување оцени и дека замзрзнатиот конфликт со Приштина значи дека Србија не може да стане членка на ЕУ, истакнувајќи дека косовското прашање мора да се реши, а дека решението е во постигнување компромис кој ќе гарантира мир, стабилност и подобар живот за Србите на Косово.
Таа ја коментираше и можноста за одржување на вонредни парламентарни избори, наведувајќи дека не знае дали ќе се случат, но дека Владата на Србија е подготвена за нив.