Fatjon Cuka
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
ТИРАНА (АА) - Во главниот град на Албанија, Тирана, беше одржана манифестација за поддршка на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стотици граѓани се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, кои потоа движејќи се низ булеварот „Маченици на нацијата“ ја изразија својата поддршка за Украина.
На маршот учествуваа и украински државјани кои живеат во Албанија, како и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, украинскиот амбасадор во Тирана, Владимир Шкуров, амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким и бројни функционери.
Демонстрантите носеа знамиња на Украина и Албанија и нагласија дека упатуваат порака за заштита на основите човекови права и заштита на животите и мирот.
На настанот, преку видеоконференција, се вклучи и градоначалникот на Киев, Витали Кличко.