Agim Sulaj
28 Ноември 2020•Ажурирај: 29 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 14 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 989, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 639 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 38.431.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.565 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 141.264 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 23.754 лица. Моментално има 13.688 активни случаи.