Agim Sulaj
12 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
ПРИШТИНА
Во Косово пристигна контингент од 38.400 дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кабинетот на министерот на Косово, на Аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, новиот контингент вакцини во рамки на програмата Ковакс бил примен од премиерот на Косово, Албин Курти, министерот за здравство, Арбен Витиа, шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Томаш Сунијог, директорот во УНИЦЕФ, Мурат Сахин, и од амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Премиерот Курти упати благодарност до земјите на Квинт и другите организации за постојаната помош за Косово во борбата против пандемијата на Ковид-19.
Дипломатските претставници и претставниците на меѓународните организации во Косово ветија дека ќе обезбедат помош за Косово во овие заеднички напори.
Со денешниот контингент, вкупниот број дози од вакцините обезбедени во рамките на Ковакс изнесува 62.400.