Ekip
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Со едноминутен молк и со интонирање на химната на Република Турција, во амбасадите на оваа земја во Скопје, Тирана, Приштина, како и во амбасадите на другите земји од регионот и од светот, оддадена е почест на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој почина пред 81 година, на денешен ден во 09:05 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Низ Турција, но и во дипломатските претставништва на оваа земја низ светот, се одбележува 81. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк.
На церемониите кои се одржаа во амбасадите на Турција во Скопје, Тирана и Приштина, учествуваа персоналот на овие амбасади, претставниците на турските организации и институции во овие земји, како и локални политичари.
На церемонијата во Амбасадата на Турција во Скопје, по овој повод имаше свое обраќање заменик-амбасадорот на Турција, Умут Лутфи Озтурк.