Oktaj Omeragikj
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се изработени 1.325 тестирања, при што регистрирани се 119 нови случаи на коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица позитивни на овој вирус во земјата се искачи на 10.617, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие починале 4 лица од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се зголеми на 480.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 89 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 6.020. Во моментов во земјата има 4.117 активни случаи.
Министерството за здравство информира дека со 1.325 тестирања направени во последните 24 часа вкупната бројка на досега извршените тестирања на Ковид -19 изнесува 100.940.