Husamedin Gina
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале уште 6 лица, со што вкупната бројка на починати пациенти во земјата се искачи на 71, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството, потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата на 1.421.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 36 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани пациенти од вирусот изнесува 589.
Министерството соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 362 теста, а во државата досега извршени се вкупно 15.771 тестирања за Ковид-19.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час е на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.
За време на првомајските празници, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, според најновата одлука на Владата ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро следниот ден.