Admir Fazlagic
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 535 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 22.170, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројката од 535 случаи на Ковид-19 е најголем број на регистрирани случаи во едно деноноќие во Северна Македонија од почетокот на епидемијата.
Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 815.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од Ковид-19 , а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 16.758.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.597.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на овој вирус.