Ekipa
16 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Граѓаните на Република Северна Македонија имаат најдобро мислење за Турција во споредба со другите држави, а позитивното мислење за Турција кај граѓаните е зголемено во споредба со 2018 година, покажува истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ) спроведено во март и април оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истражувањето се испитувал рејтингот на политичките партии, политичките лидери, владеењето на правото, демократијата, Ковид-19, геополитиката и дезинформациите, позитивното мислење за Турција од страна на испитаните граѓани на Северна Македонија е зголемено во споредба со 2018 година за 10 отсто, односно од 42% на 52%.
Исто така, позитивното мислење е зголемено и за Русија, додека за САД и Кина е намалено во споредба со 2018 година.
- Намалена поддршката за ЕУ -
Поддршката за Европската Унија е намалена во Северна Македонија. Иако 67% од испитаниците би гласале за членство во ЕУ, перцепциите за ЕУ се влошени, а 19% се против членството во ЕУ - процент што во 2018 година изнесувал 10%. Поддршката за НАТО останува висока со 63% (64% во 2018), додека противењето на воениот сојуз се зголемило за 9% во однос на 2018, и сега изнесува 24%.
Истражувањето е нарачано од НДИ, а спроведено од страна на ИПСОС, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, телефонски и преку интернет-анкети.
- Северна Македонија и Турција имаат традиционално добри односи -
За потсетување, Северна Македонија и Турција и нивните народи имаат традиционално добри пријателски односи.
Во изминатите три децении Турција ја поддржува Северна Македонија на сите важни општествено-политички, економски и културни сфери.
Во прилог на ова оди и фактот дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во последните 6 години реализира околу 500 проекти во различни области во Северна Македонија, пред сè во образованието и здравството.
Во текот на пандемијата на Ковид-19, Турција во неколку наврати испраќаше помош за Северна Македонија и нејзините граѓани.