Husamedin Gina
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според тоа, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Од новодијагностицираните пациенти, 7 се од Скопје, додека 5 од Куманово.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
Скопје 88, Дебар 40 - од кои 1 починат, Куманово 8 – од кои 1 починат, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 случај.