Elena Trenchevska Chekovic
24 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 37 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 156.054, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот останува 5.489.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.273.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 292.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.264 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања.