Dzihat Aliju
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје, турската фондација „Маариф" и „Халкбанк", денес во Скопје се одржа 3. Меѓународната конференција за општествени и хуманистички науки, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа конференција учествуваа министерот без ресор на Македонија задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, пратеничката на АК Партија од турскиот Баликесир, Сема Кирџи, претседателот на фондацијата „Маариф", проф. д-р Бирол Акѓун, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркан Кара, професори, студенти и голем број поканети гости.
Претседателот на фондацијата „Маариф", Акѓун, одржа говор пред присутните на тема „Одржлив развој: трендови и можности“.

Акѓун, во изјава за медиумите, нагласи дека најзначајната тема во денешното време е улогата на трендот во одржлив развој.
Истакнувајќи дека оваа тема се наоѓа меѓу најважните теми во меѓународните платформи, Акѓун рече дека содржината на образованието продолжува да биде актуелна и во развиените земји, како и во земјите во развој.
Според него, со перформансот кој го постигнува во областа на економскиот и социјалниот развој во последните години, Турција претставува пример за светот.
„Имавме можност да дискутираме околу настаните во областа на образованието во Турција, во направените инвестиции од инфраструктурата до содржината на образованието, преку инвестициите и реформите во оваа област. Исто така, со институциите кои се новоформирани како Турската Фондација Маариф, Турција дава многу значаен придонес во одржлив развој на меѓународната арена преку обзразованието“, додаде Акѓун.
Акѓун истакна дека тие како фондација „Маариф" ќе имаат можност да нудат образование отварајќи училишта во различни грдови на различни нивоа. „Главната задача на Фондацијата Маариф дадена во законот, е во име на Турција да нуди образовни услуги во странство. Ние се обидуваме тоа да го реализираме“, рече тој.
- „Фондацијата Маариф ќе биде доверлива институција на Балканот“
Потсетувајќи дека минатата година во Косово отвориле две училишта, Акѓун рече дека ќе го зајакнуваат нивното присуство на Балканот со отварање училишта и во Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.
„Од сега понатаму се надеваме дека Фондацијата Маариф ќе биде бренд во областа на образованието на Балканот, и ќе биде една доверлива институција“, нагласи Акѓун.
Амбасадорката Кара упати апел до граѓаните да ги повлечат нивните деца од училиштата поврзани со терористичката организација ФЕТО, и побара од родителите да ги запишат нивните деца во училиштата на Фондацијата Маариф која е државна институција.
Кара нагласи дека во наредните денови во Скопје и во Гостивар ќе се отвараат градинки. „Со присуството на нашиот почитуван претседател (Ердоган), ќе го реализираме отварањето на овие убави училишта“, рече Кара, упатувајќи апел за запишување на децата во Фондацијата Маариф.
- „Нашата цел е да растеме генерација со хуманост“
Пратеничката Кирџи на оваа програма ќе учествува како панелист.
Кирџи рече дека односите на Турција со регионот на Балканот има интензивни историски и географски врски, и дека тие не припаѓаат само на денешно време. Како што нагласи таа, од формирањето на владите на АК Партија до денес тие водат повеќенасочни работи во овие територии.
„Во светот каде владее војната, во светот каде луѓето се убиваат едни со други, единствениот пат за водење борба против овие настани е зголемување на населението на образовани луѓе. Нашата цел е да растеме генерација со хуманост, и со убави чувстсва. Со оваа цел ние посакуваме да го зголемиме бројот на нашите образовни институции како на Балканот, така и во целиот свет“, додаде Кирџи, укажувајќи на важноста на образованието.
Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу нагласи дека на конференцијата професорите од Балканот, Мали, Пакистан, Полска, Малта, Франција ќе дискутираат за одржливиот развој.
Конференцијата ќе трае до 6 мај со темите околу образованието и меѓународните односи и економија.