Andelija Stojkovic
14 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во Србија е потврден вкупно 41 случаи на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тестирани се уште 17 лица, од кои шест се позитивни а 11 се негативни на коронавирусот.
Според соопштението на Министерството за здравство, четири од шест новооткриени случаи се наоѓаат во домашна изолација и имаат лесна клиничка слика, додека две заразени лица се на болничко лекување, но и тие се без компликации и стабилна општа состојба.
До денес се тестирани вкупно 256 лица во Србија.