Bojana Stojanovic
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште едно лице почина како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа, а заразени се уште 18 лица, со што вкупниот број на регистрирани случаи во земјата е зголемен на 11.430, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од вчера, тестирани се 2.315 лица, од кои 18 се позитивни на коронавирусот.
Хоспитализирани се 468 пациенти, а на респиратори се девет од нив.
Во претходните 24 часа, како последица на коронавирусот почина уште едно лице, што значи дека досега од вирусот починале 244 лица. Стапката на смртност е 2,13 отсто.
Досега се излекувани 6.726 лица, а тестирани се 247.760 граѓани.
Исто така, од денес, граѓаните во Србија, на нивно лично барање, можат да се тестираат за антитела. Цената на тестот е 1.200 динари, а тестирањето се врши во здравствените установи, институтите и заводите за јавно здравје во земјата. На тој начин, граѓаните можат да дознаат дали имаат антитела на коронавирусот и дали можеби веќе го прележале.