Bojana Stojanovic
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србија во претходните 24 саати починаа шест лица, а заразени се уште 196 лица, со што вкупната бројка на регистрирани заразени лица до денес се искачи на 9.205, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера се тестирани 5.906 лица, а 196 лица се позитивни на коронавирусот.
Хоспитализирани се 2.375 пациенти, а на респиратори се 65 пациенти.
Во изминатите 24 саати починати се уште шест лица, од кои двајца машки лица и четири жени, а меѓу нив и едно лице од геронтолошкиот центар. Тоа значи дека од последиците на коронавирусот досега починаа 185 лица и тоа 113 мажи и 72 жени. Процентот на смртност е 2,01 отсто.
Од почетокот на пандемијата излекувани се 1.379 лица.
До сега во земјата се тестирани 91.551 лица.
Имунологот Срѓа Јанковиќ уште еднаш потсети дека е во сила забрана за собирање за повеќе од две лица во отворен простор и дека треба сите контакти да се сведат на минимум.
„Што се однесува до колективниот имунитет, рано е да го стекнеме, а нам тоа и не ни беше цел во оваа фаза, бидејќи тоа би значело повеќе жртви", рече Јанковиќ на конференција за новинари во Белград.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека во оваа ситуација може да се види дека вирусот „не циркулира толку", бидејќи моменталното ниво на позитивност е 3,3 отсто.
Тој рече и дека во установите на социјална заштита присуството на коронавирусот е регистрирано кај 563 корисници и 113 вработени, а до сега се излекувни 119 корисници и 67 вработени.