Barış Gündoğan
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа со Ковид-19 се детектирани 1.704 лица позитивни на Новиот тип на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 141.475, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на Министерството за здравство на Република Турција и објавата на Министерот за здравство Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер се наведува дека денес се извршени 37.351 тестирања за Ковид-19, а дека вирусот е потврден кај 1.704 лица.
Во последните 24 часа починаа 53 пациенти, додека 3.109 лица се излекувале. Спореведени се вкупно 1.440.671 тестови, при што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19изнесува 141.475, досега од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус починаа 3.894, а оздравеа 98.889 лица. На одделите за интензивна нега се наоѓаат 1.045 пациенти, додека на респиратор се поврзани 576.
„Зголемувањето на бројот на новозаразените е во предвидливите рамки. Во Турција оздравени се околу 70 отсто од вкупниот број на заразени. Бројот на пациентите на одделите за интензивна нега продолжува да опаѓа. Маска и социјална дистанца, тоа е нашата сила против вирусот. Ризикот е во средините кај што има многу луѓе. Да се оддалечиме“, порача Коџа.