Bojana Stojanovic
09 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
БЕЛГРАД
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе умее да ги заштити мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулигански и насилнички напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопорака на профилот на Инстаграм „Иднината на Србија“, Вучиќ синоќешните нереди во Нови Сад ги спореди со упадот на фашистичките единици во тој град во 1941 година.
Претседателот на Србија ги замоли сите граѓани и во Белград и во Нови Сад, и во сите други градови да не се спротивставуваат на насилниците.
„Тоа ќе го правиме ние, како држава. Ќе работиме и победиме. Ќе го сочуваме мирот за нашата земја. Предавството никогаш не беше опција“, изјави Вучиќ.