Andjelija Stojkovic
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и претседателот Хашим Тачи денеска разговараа телефонски и оценија дека за двете страни е значајно продолжувањето на дијалогот и смирување на тензиите во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението, Вучиќ и Тачи разговарале за убиството на Оливер Ивановиќ.
Тие изразија жалење и се согласија дека откривањето и апсењето на сторителите на ова кривично дело се од суштинско значење за зачувување на мирот и довербата меѓу луѓето.
Вучиќ повторно побара од Тачи да го прифатат учество на надлежните органи на Србија во истрагата за убиството на Ивановиќ за да тоа „злосторство во најкраток можен рок биде разрешено".
Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда", беше еден од клучните политичари во северниот дел на Косово, каде што доминира српското население.
Ивановиќ, кој командуваше со српските паравоени групи во војната во Косово, беше осуден на 9 години затвор во 2016 година за злосторства извршени врз цивили Албанци за време на војната. Врховниот суд ја поништи одлуката во 2017 година и нареди повторно судење.