Andelija Stojkovic
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Нови Сад изјави дека сите знаеле каков ќе биде исходот од судењето на Ратко Младиќ, првостепено осуден во Хашкиот трибунал на доживотен затвор за геноцид и воени злосторства, и ги повика сите граѓани на Србија да погледнат кон иднината, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апелирам до граѓаните на Србија да почнат да гледаат кон иднината, да размислиме како ќе ги чуваме мирот и стабилноста во регионот, да не се задушуваме во солзите од минатото, туку од потта на работниците да создадеме подобра иднина за сите нас“, рече Вучиќ, во изјава за новинарите во Нови Сад.
Тој истакна дека Србија ги почитува жртвите од другите народи, но декa „српската солза нема родители“. Вучиќ рече дека е потребно сите да работат за мирот во регионот, со цел ужасите на војната никогаш да не се случат повторно.