Abdula Berisha
08 Мај 2024•Ажурирај: 08 Мај 2024
СКОПЈЕ (АА) - Гласањето за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија се одвива мирно и без посериозни проблеми, јавува Анадолу.
Надлежните од Државната изборна комисија (ДИК) и Министерството за внатрешни работи соопштија дека не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.
На вонредна конференција во текот на денот, потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху ги повика членовите на изборните комисии да ги почитуваат упатствата на ДИК во однос на поставувањето на прашањето дали гласачот сака да гласа за двата избори или не.
На седмите претседателски избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи.
Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, до 15:00 часот на претседателските избори гласале 554.957 лица или околу 32 отсто од гласачите.
Гласањето започна во 07:00 часот на 3.480 избирачки места и ќе трае до 19:00 часот. Излезноста во вториот круг од претседателските избори мора да биде над 40 отсто за гласањето да се смета за валидно.
- Поголема излезност на парламентарните избори -
Што се однесува до парламентарните избори, до 15:00 часот гласале 636.098 лица или околу 37 отсто.
Право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 гласачи. Разликата во гласачите во однос на претседателските избори е 1.033, главно поради граѓаните кои наполниле 18 години.
На изборите има вкупно 1.755 кандидати, од кои 1.002 мажи и 753 жени, кои се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Република Северна Македонија.