Bojan Bednar
15 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
БЕЛГРАД (АА) - Собранието на Србија денеска ќе биде распуштено согласно најавата на претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ, а по распуштањето на Парламентот ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори во Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дачиќ распуштањето на српскиот Парламент го најави на крајот на последната седница на актуелниот состав на Собранието, одржана вчера, 14 февруари.
Со потсетување дека од формирањето на 2 август 2020 година, Собранието на Србија усвои 265 закони, Дачиќ нагласи дека некои од тие акти, без оглед на приговорите и сомнежите, се многу важни за иднината на Србија и притоа ја истакна промената на Уставот.
Претходно, Владата на седницата одржана исто така вчера го усвои предлогот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го распушти Собранието, пред парламентарните избори најавени за 3 април.
По седницата на Владата соопштено е дека доколку предлогот биде усвоен и Парламентот се распушти, Владата ќе влезе во технички мандат.
„Сите свои активности во техничкиот мандат, Владата ќе продолжи да ги извршува со полн капацитет, во согласност со уставните и законските прописи“, наведено е во соопштението.
Дачиќ претходно најави дека на 15 февруари, на Денот на државноста на Србија, ќе бидат распишани парламентарни и белградски избори, а дека изборите за претседател на Србија најверојатно ќе бидат распишани на 2 март.
Локалните и претседателските избори ги распишува претседателот на Собранието на Србија, а парламентарните претседателот на Републиката.
Актуелното 12. состав на српскиот Парламент конституиран е по изборите во јуни 2020 година.
Иако листата предводена од Српската напредна партија освои убедливо мнозинство и во Парламентот има 188 од 250 пратеници, лидерот на партијата, Александар Вучиќ, изјави дека новата Влада ќе има ограничен мандат.
Вучиќ тоа го објасни со тоа што сакал силите да се концентрираат, а не да имаат четири години мандат да уживаат, туку да работат година и пол дена како проба.
Претходните избори поголем дел од опозициските партии ги бојкотираа наведувајќи дека не се исполнети услови за нивно фер и слободно одржување, а на изборите кои денес би требало да бидат распишани партиите на опозицијата најавија учество.