Kemal Zorlak
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
САРАЕВО (АА) - Директорот на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, Еролд Муслиу, престојуваше во работа посета на Разузнавачко-безбедносната агенција на Босна и Херцеговина, каде што беше примен од генералниот директор Осман Мехмедагиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челниците на двете разузнавачки агенции разговараа за безбедносните предизвици во Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија, како и за регионалните прашања, за досегашната и идната меѓусебна соработка и за предизвиците со кои моментално се соочуваат земјите од регионот.
Разговарано е и за борбата против организираниот криминал, екстремизмот, тероризмот и радикализмот во регионот и за појавите кои претставуваат национална, регионална и глобална закана.
Мехмедагиќ и Муслиу истакнаа дека досегашната соработка меѓу двете агенции во овој контекст придонела за регионалната стабилност, зајакнување на владеењето на правото и довербата на граѓаните во разузнавачко-безбедносниот сектор.
Исто така, на состанокот е разговарано за мигрантската криза и криумчарењето луѓе, што претставува голем предизвик за двете земји и за регионот, со оглед на фактот што и Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина се наоѓаат т.н. мигрантска рута на Западен Балкан.
Директорите Муслиу и Мехмедагиќ истакнаа дека соработката помеѓу двете агенции е од исклучителна важност за безбедноста на двете земји и благосостојбата на нејзините граѓани.