Adel Omeragic
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Во експлозија на автомобил, која се случи утрово во центарот на Подгорица, животот го загуби едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи во близина на Музичкото училиште во главниот град.
Во возило „тојота“ со цетињски регистерски ознаки се наоѓало настраданото лице Н. Ќ. (34).
На местото на настанот се наоѓаат тимови на Противпожарната единица кои го изгасија пожарот. Итната медицинска помош го пренесе лицето кое се наоѓало во возилото во Ургентниот центар, а кратко потоа од Центарот соопштија дека повреденото лице им подлегнало на повредите.
Сообраќајот во овој дел на градот е блокиран.