Mehmet Tosun
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција вложува напори за мирот, спокојството, стабилноста и развојот на целиот Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видео-конференција учествуваше на отворањето на Болницата на пријателство Турција-Албанија во албанскиот град Фиер изградена од страна на Турција.
Турскиот претседател своето обраќање го започна упатувајќи честитки по повод месецот на постот Рамазан, кој нагласи дека односите помеѓу Турција и Албанија секој ден се развиваат, поттикнати од заедничката култура и историја.
Според него, Турција повеќе од 30 години секогаш давала поддршка за социјалниот и економски развој на Албанија исполнувајќи ја должноста на братството.
Ердоган рече дека со сите свои можноста стоеле покрај албанскиот народ и во процесот на пандемијата и по земјотресите настанати во 2019 година во Албанија.
Тој истакна дека последно пред албанскиот народ се обратил на 23 декември за време на церемонијата за поставување камен темелник за проектот за изградба на станбените единици во градот Лач од страна на Турција.
Турскиот претседател го цитираше албанскиот премиер Еди Рама кој по земјотресите во земјата истакнал: „Покрај плановите А и Б на Албанија, покрај нас стои Турција“.
Ердоган изрази надеж дека овие станбени единици ќе се завршат до август и ќе им бидат предадени на лицата кои имаат потреба.
Тој потсети дека во јануари, за време на посетата на Рама на Турција, го официјализирале стратешкото партнерство помеѓу двете земји, со што, според него, ќе ги унапредат пријателството и братството.
„Донесовме одлука во врска со изградба на болница со 150 кревети во Албанија во рок од три месеци. Денес сме горди што го одржавме зборот што им го дадовме на нашите албански браќа. Изградбата на болницата ја завршивме за три месеци, и го опремивме со најмодерна медицинска опрема“, додаде тој.
Ердоган нагласи дека оваа болница е изградена на површина од 50.000 метри квадратни, од кои над 17.000 метри квадратни се затворена просторија и дека изградбата е во вредност од 70 милиони евра.
Како што рече Ердоган, болницата поседува шест сали за операција, шест поликлиники, 20 единици за интензивна нега и друга опрема, додека болницата ќе работи со здравствен персонал од 387 лица, од кои 56 здравствени работници ќе бидат турски државјани додека 331 од нив ќе бидат албански државјани.
Тој информира дека тим од пет здравствени работници веќе од вчера започнала со работа во болницата.
„Вложуваме напори за мирот, спокојството, стабилноста и развојот на целиот Балкан, пред сè на Албанија“, рече Ердоган, додавајќи дека тие кои Турција ја гледаат како закана или конкурент, дејствуваат само врз основа на нивните интереси, и дека влегуваат во голема заблуда.
Ердоган нагласи дека денес додаваат нешто ново во вкоренетото и мултидимензијалното пријателство помеѓу Турција и Албанија.
„Во мое име и во име на мојот народ посакувам Болницата за пријателство Турција-Албанија во Фиер која ќе биде симбол на солидарноста помеѓу нашите земји, да биде за доброто на целиот народ во Албанија. “