Zlatan Kapiç
20 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
САРАЕВО (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина (БиХ) денес покажала дека е демократска земја не само на зборови, туку и на дело, јавува Anadolu Agency (AA).
Благодарение на илјадниците присутни граѓани на Конгресот на УЕТД, Ердоган потсети дека од основањето до денес, УЕТД служела на турските граѓани во Европа.
Турскиот претседател изјави дека БиХ во пракса покажала оти е демократска земја
„БиХ денес покажа дека е демократска земја не само на зборови, туку и на дело и во пракса, а тоа го докажа обезбедувајќи ни собир, денес и тука. Во време кога славните европски демократии паднаа на испитот“, изјави Ердоган.
Потсетувајќи дека го посетил во болница непосредно пред неговата смрт, сега веќе починатиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ, рече дека Алија тогаш му кажал да се грижи за БиХ. Во оваа смисла, истакна дека Турција ѝ посветува посебно внимание на БиХ.
Тој напомена и дека турскиот народ во Европа не може да се смета за новодојден.
„Ние не сме новодојдени во Европа, бидејќи првата работа на нашите предци од Анадолија беше да го премине Босфорот и да оди во Европа. Оттогаш нашите врски со Европа не се прекинати“, појасни Ердоган.
Потсетувајќи дека во Турција на 24 јуни ќе бидат одржани предвремени претседателски и парламентарни избори, Ердоган рече дека тоа нема да биде само обичен избор на претседател и состав на парламентот, туку бирање на правец на Турција за наредниот век.
Нагласувајќи дека е време да се обединат сите Турци, Ердоган рече дека турската дијаспора во Европа ќе биде силна толку колку што е ќе биде единствена.
„Тоа што некои европски земји денеска можат да станат и непристојно да и се обратат на Турција и на нас функционерите делумно е последица на неединството на Турците во тие земји", порача Ердоган.
Турскиот претседател исто така ја повика турската дијаспора во Европа да се вклучи активно во политичките партии и на политичката сцена во земјите во кои живее
„Највеќе непријателство кон Турција во парламентите на европските земји доаѓа од парламентарците кои се претставуват дека се по потекло од Турција. Затоа вие треба да биде политички активни", порача Ердоган во сараевската Зетра.
Истакнувајќи дека во претходниот период за време на претходните раководства на Турција на сцена бил обид турската дијаспора да се оддели од својата татковина и матична држава, Ердоган рече дека актуелното турско раководство сака да го сречи тој план.
Тој најави различни програми за турските ученици во европските земји кои во текот на викендот ќе го изучуваат турскиот јазик и турската култура.
„Целта ни е наскоро да нема ниту една земја во која нема турска амбасада", рече Ердоган и додаде дека институциите на Турција се со секој турски државјанин, каде и да се наоѓа.
Ердоган најави и реформи на програмата на Турската радио телевизија (ТРТ) на начин што специјална програма ќе им биде посветена на Турците во странство.
Меѓу бројните олеснувања кои на турската дијаспора ќе и бидат овозможени во Турција, а кои Ердоган ги наајви денеска се и олеснувања за служење на воениот рок за Турците со престој во странство.
На Конгресот на УЕТД во Сараево, се обрати и претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.