Abdula Berisha
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, организираше средба на која учествуваа претставници на Владата, Собранието, судството и политичките партии, на која беше врачен Извештајот од Европската Комисија од ембасадорот Самуел Жбогар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за медиумите по завршување на средбата, претседателот Пендаровски рече дека Северна Македонија направи решителни чекори, како на надворешно-политичкиот, така и на внатрешниот план, преку спроведувањето на клучните неопходни реформи.
„Секое дополнително одложување на почетокот на преговорите, ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на реформските процеси. Но, истовремено може да биде разбрано и како поттик на антиевропските политичари во целиот регион, што е спротивно на напорите за стабилизирање и интегрирање на нашиот регион”, рече Пендаровски.
Амбасадорот Жбогар истакна дека препораката е јасна и чиста, дека се исполнети сите услови поставени од земјите членки на ЕУ во 2018 година.
„Како што јасно рекоа и комесарот Хан и високата претставничка Фредерика Могерини, препораката е дека земјата е спремна токму сега да ги започне преговорите”, рече Жбогар.
Владина делегација беше предводена од премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој рече деке е горд „за следниот голем успех” на Северна Македонија.
„Денес го добивме најпозитивниот извештај досега, од кога сме земја кандидат за членство, со кристална чиста препорака од Европска комисија за започнување на пристапните преговори. За ова, ние залуживаме да бидеме среќни и да им честитаме на сите”, рече Заев.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, кој исто така го прими извештајот на Европската комисија од страната на амбасадорот Жбогар, рече дека извештајот претставува оценка за исполнување на препораките од предходниот извештај.
„Како Парламент, како државна институција, како претставник на граѓаните на Северна Македонија, ние ги исполнивме очекувањата за реализација на она што е сон на секој од нас, со надеж дека овој извештај ќе биде заокружен со чинот на конечната одлука на Советот на Европската унија за одредување на датумот за почеток на пристапните преговори со Европската унија”, изјави Џафери.
Претходно, Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија.
Еврокомесарот за соседската политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, истакна дека со постигнувањето на договорите со соседите, Скопје стана пример за целиот регион за тоа како да се зајакнат добрососедските односи.