Bekim Laci
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
СКОПЈЕ (AA) - Премиерите на Република Макеоднија и Црна Гора, Зоран Заев и Душко Марковиќ денеска во Владата на Република Македонија одржаа заедничка прес конференција на која истакнаа дека двете земји влегуваат во фаза на засилена економска соработка за унапредување на билатералните односи за евроатланска иднина на регионот, Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев рече дека Македонија и Црна Гора немаат отворени политички прашања, што е предност за унапредување на односите, за што рече дека има добра волја и од владите на двете држави да ги направат потребните чекори со цел да се зајакне економската соработка, трговската размена и обемот на инвестиции, кои ќе овозможат нови работни места за жителите.
Македонскиот премиер додаде дека е потребно заедничко услогласување на европските стандарди што ќе придонесе за привлелување на странските инвестирори.
„Разговаравме за соработката во образованието, здравството, туризмот, наука и технологија, но и другите области. Ги разгледувавме можностите, за воспоставување директен лет меѓу Македонија и Црна Гора. Двете држави можат да си помогнат многу и во евроатланските интеграции. Со премиерот Марковиќ разменивме нови искуства, што значи за Црна Гора членството во НАТО, дека тоа не е само стабилност и безбедност за земјата, туку економски перспективи и споделивме очекувања дека Македонија ќе биде следната 30. земја-членка на НАТО", рече Заев.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ во своето обраќање рече дека на средбата е потврдена посветеноста на регионот за членство во НАТО, а во својство на најновиот член на Алијансата, рече дека ќе ги поддржат аспирациите на Македонија, но исто така други земји во регионот за нивно членство во Алијансата.
Марковиќ додаде дека Владата на Црна Гора е подготвена да ги сподели со Македонија искуствата од пристапните преговори со Европската унија, со што би се овозможил побрз влез на земјите од регионот во европскиот блок.
Во контекст на унапредување на економските односи, црногорскиот премиер рече дека директната авиолинина Подгорица-Скопје ќе придонесе за зближување на бизнис заедниците од двете земји.
„Конретно, ќе бараме модел за воспоставување на авио линија Подгорица-Скопје, која би имала придонес во промовирање на бизнис задници, промовирање на туристичките потенцијали и привлекување на странските инвестиции. Му се заблагодарив на премиерот Заев на поддршката на Македонија за иницијативата на Црна Гора за основање на меѓународниот научен институт за развој на одржливи технологии на просторите на Југоисточна Европа. Овој многу значаен проект го поддржаа сите земји на регионот и очекуваме за десетина дена во ЦЕРН, во Женава да биде потпишана декларација за основање на овој институт", рече Марковиќ.
Претходно денеска, во Владата на Република Македонија, се одржа и билатерална средба меѓу делегациите на владите на двете држави.