Zülfiya Yakup
28 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ПРИШТИНА (AA) - Заменик на помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, со средбата со претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели ја започна дводневната посета на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието Кадри Весели и Хојт Ји, разговараа за актуелните случувања во Косово и регионот, како и за одличните односи помеѓу Косово и САД, соопштено е од Собранието на Косово.
Хојт Ји, се наведува во соопштението, го уверил претседателот на Собранието, Весели во силната поддршка на САД кон Косово на патот на евро-атланските интеграции, изразувајќи безрезервна американска поддршка на Косово.
Исторемено, тој барал економскиот развој, порастот на транспарентноста, како и борбата против корупцијата да бидат приоритет во работата на косовските институции.
Ји и Весели разговараа и за одговорноста која ја има Косово, како независна и суверена држава во однос на своите граѓани, но и во однос на соседите.
Весели го информирал Ји за посветеноста на институциите на Косово да го спроведат напред процесот на европските интеграции, додека на внатрешен план работат на економскиот развој и зголемувањ на благосостојбата на граѓаните.
Во текот на престојот на Косово, најавени се негови средби и со другите косовски лидери, претставниците на заедниците и со другите политички претставници. Денеска,заменик државниот секретар на САД, Хојт Ји, се состана и со заменик премиерот на Косово Бранимир Стојановиќ и шефот на пратеничката група на Српска листа Славко Симиќ, како и со министерката за дијалог Едита Тахири.
Како што е соопштено од Амбасадата на САД во Приштина, Хојт Ји ќе одржи состанок и со министерот на Безбедносните сили на Косово (БСК), Хаки Демоли и командантот на БСК генерал-полковникот Рахман Рамај.