Kemal Zorlak
19 Февруари 2024•Ажурирај: 20 Февруари 2024
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер, според првичните мерења, денес ги вознемири жителите на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, и неговата околина, известува Анадолу.
Земјотресот е регистриран во 9:22 часот, со епицентар 12 километри северно од Сараево, на длабочина од 6 километри, покажаа прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е почувствуван во повеќе градови.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.