Vesna Besiç
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
САРАЕВО (АА) - Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ, во понеделник на 29 јануари ќе престојуваат во Турција, потврдија за Anadolu Agency (AA) од Претседателството на БиХ.
Изетбеговиќ и Вучиќ ќе се состанат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Се очекува темата на разговорите да биде соработка во регионот и автопатот Сараево - Белград.