Zylfije Adem Jakupi
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во земјата се потврдени уште 10 случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), со што бројот на заразени лица се зголеми на 790, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се тестирани 250 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 10 биле позитивни.
Од почетокот на пандемијата тестирани се 6.955 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 790 се позитивни, во кои се и 22 смртни случаи и 232 лица излекувани од Ковид-19.