Agim Sulaj
11 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.264, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 12 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 107.854.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 1.898 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 690.397 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.457 лица. Во моментов во земјата има 133 активни случаи.