Zülfiya Yakup
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Во селото Дренок кај Дечани изгоре џамија. Првите информации укажуваат дека џамијата се запалилила поради дефект на електричната мрежа. Џамијата се запали во целост, но во пожарот немаше повредени, соопштија од косовската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од таму велат дека полицијата и противпожарните екипи веднаш излегле на местото на настанот, со цел да се изврши истрага и да се утврди причината за пожарот.
Во меѓувреме, имамот на џамијата во селото Дренов, Харун Шабанај за Anadolu Agency (AA) потврди дека џамијата изгорела минатата ноќ и дека се сомневаат дека пожарот бил поради проблеми со струјата.
Шабанај рече дека џамијата била изградена во 1773 година и е една од најстарите објекти во регионот.