Zülfiya Yakup
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - Централната изборна комисија соопшти дека на денешните предвремени парламентарни избори во Косово забележила излесност од 41,45 отсто од запишаните гласачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на ЦИК, Валдете Дака изјави дека гласале повеќе од 759 илјади гласачи.
„Врз основа на податоците пратени од гласачките центри од сите општини на Косово, сите гласачки места се затворени на време и на изборите излегоа 759.904 гласачи или 41,45 отсто”, изјави Дака.
Таа истакна дека на предвремените избори за Собранието на Косово одржани на 8.јуни 2014 година гласале 42,08 отсто од гласачите.
Дака нагласи дека освен неколку технички проблеми на северниот дел на Косово, не се забележани поголеми нерегуларности кои би го нарушиле изборниот процес. Според податоците на Мисијата на ОБСЕ на северниот дел се пријавени околу 50 случаи на сомнителни гласања.
„Имаше мали технички нерегуларности. Ниту едни избори не можат да бидат перфектни и секаде во светот има прашања кои се технички, кои можат да се случат за време на изборите. Сите сме само луѓе и можат да се случат грешки, но немаше проблеми кои можат да го загрозат изборниот процес ”, изјави Дака.