Zylfije Adem Jakupi
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале тројца пациенти, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Тестирани се 509 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 49 се позитивни.
Регистрирани се 93 оздравени лица, со што бројот на излекувани од вирусот се зголеми на 14.143. Во моментов активни се 1.157 случаи.
Од почетокот на епидемијата тестирани се 71.865 лица, од кои 15.938 случаи биле позитивни на коронавирусот, а од нив 638 се смртни случаи.