Agim Sulaj
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 5 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 135, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се откриени уште 118 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 5.735.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 489 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 31.056 тестирања.
Од овој вирус во Косово излекувани се вкупно 2.968 лица, додека моментално има 2.632 активни случаи.