Ekipa
08 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 5 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 1.368, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 321 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во во Косово од почетокот на епидемијата се искачи на 53.264.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.648 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата реализирани се вкупно 193.944 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 45.000 лица. Во моментов во земјата има 6.896 активни случаи.