Shpetim Hiseni
11 Јануари 2025•Ажурирај: 11 Јануари 2025
СКОПЈЕ (АА) - Призрен доби воодушевувачки изглед со белата боја на снегот по врнежите што го зафатија овој град во Косово, и земјата воопшто, јавува Анадолу.
Историските згради и градските куќи, со белата покривка, му дадоа уште поубав изглед на градот.
Во Косово денеска преовладуваа интензивни врнежи од снег. Според прогнозите, врнежи од снег се очекуваат и во следните два дена.