Agim Sulaj
05 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема да се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама, на средба што е надвор од состанокот на двете влади, онаа на Косово и Албанија, која беше откажана од Рама во јуни, пренесува Анадолу.
Курти рече дека состанокот на владите на Косово и на Албанија, кој беше планиран да се одржи на 14 јуни во градот Ѓаковица, е откажан без причина „иако тоа беше предвидено пред месеци и беа направени сите подготовки, во чии рамки требаше да се потпишат 13 договори“.
Тој истакна дека му предложил на Рама во рамките на посетата да се одржи состанок на двете влади и да се потпишат договорите.
„Доколку премиерот на Албанија, Еди Рама, инсистира да се откаже состанокот на двете влади, тогаш ќе се задржам на ставот што му го дадов, дека за средби меѓу нас двајца имаме директен контакт, се среќаваме многу често, ако погледнете, во овие две години, колку што сум во Владата, имав десетина средби со премиерот Рама, не пропаѓаат односите Косово-Албанија и демократијата, мирот и безбедноста на Балканот поради тоа што премиерот на Косово не се сретнува со премиерот на Албанија, туку затоа што состаноците на нашите две влади се неразумно откажани, затоа сметам дека е разумно да има заедничка средба на двете влади, но не и други средби“, додаде Курти.
Во четврток Рама ќе престојува во Косово, на балканската турнеја како подготовка за следниот Самит во рамките на Берлинскиот процес што ќе се одржи на средина на октомври во Тирана.
Курти рече дека е добро кога Албанија рано се подготвува за вакви состаноци, „но додека ги правиме овие подготовки толку рано, да не задоцниме со неразумно откажување на состанокот на двете влади“.